Вљубениците во Формула 1 се соочија со ново разочарување, откако организаторите на трката во Монтреал за големата награда на Канада официјално ја одложија трката. Трката во Монтреал беше закажана на 14 јуни.

Одложената трка за големата награда на Канада е деветта која се одложи од стартот на сезоната во Формула 1. Челниците од Ф1 најавија нов календар во кој ќе ги имаат во предвид климатските услови во земјите каде често во зимскиот период нема оптимални услови за натпреварување.

Ако ситуацијата се смири и нема нови одложувања, Ф1 шампионатот би започнал во Европа. Прва трка на која пилотите ќе излезат на патеките ќе биде „Силверстоун“ за големата награда на Велика Британија, закажана за 19 јули.

OhridNews