Утре, 7-ми ноември, со почеток во 20:00 часот во кафе бар „Шила“ ќе се оддржи деветото издание на „Имам нешто да ти кажам“- поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор. Ќе се чита авторска поезија и поезија од познати домашни и светски автори. Повикот за учесници е отворен. Може да чита секој што има своја поезија, и желба за читање.

  • Овојпат го подзачинуваме шоуто со тоа што со предлози од публика и рандом теми извлечени од „шеширот“, поетите ќе треба да создадат песна на лице место од моменталната инспирација, оној што ќе добие најмногу аплауз, добива и пијалок по сопствен избор“ – вели Јован Цветкоски, еден од организаторите, постдипломец на Филмската академија во Охрид и член на НАТГ „Аматер“

Цветкоски додава дека организаторите с епозитивно изненадени од посетеноста на минатите поетски вечери со што охриѓани покажале дека се желни за уметност и дека се големи љубители на пишаниот збор.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафе кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид.

  • Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.

OhridNews