Осумгодишната Габриела Вилијамс од Билингс, Монтана, има лице и кожа на новороденче и е зависна од нејзината мајка која ја храни и менува пелени и ја ниша во креветче. Девојчето е тешко едвај 5 килограми и пати од мистериозна болест која го успорува стареењето.

Лекарите се обидуваат да го откријат генетскиот “прекинувач“ кој го запира процесот на стареење. Тие ја проучуваат малата Габи, како и други луѓе во иста здравствена состојба пренесува “Kanal Denver”, пишува „Blic“. Меѓу нив се 29-годишник од Флорида со тело на 10-годишник и Бразилка стара 31 година со големина на двегодишно дете.

-На некои луѓе нешто им се случува што го успорува процесот на стареење. Промените во телото успоруваат и се речиси занемарливи, вели научникот Ричард Вокер, пензиониран работник од Медицинското училиште во Флорида, кој сега се занимава со истражувања во детската болница во Санк Петерсбург, Русија.

Брзината на раст кај овие луѓе изнесува една петтина од таа кај здравите луѓе. Тие исто така, имаат низа други здравствени проблеми, не слушаат, неможат да одат, јадат, да зборуваат.

Мајката на Габи, Маргарет Вилијамс (38), вели дека нејзината ќерка решиси да не се променила воопшто во текот на изминатата година.

-Малку е подолга, сега носи облека за бебе од три до шест месеци, наместо до три месеци старост. Според последните мерења, таа има половина килограм повеќе од порано и ја потшишавме неколку пати. Освен тоа, не се промени многу друго од 2012, изјавила Маргарет.

Научникот Вокер објаснува дека психолошката промена е клучна за човечкиот раст. Созревањето се јавува после периодот на репродукција. Тој посочува дека телото нема прекинувач да го застане процесот на стареење. До дваесеттата година созреваме, во триесеттите се случуваат првите поголеми промени, кои стануваат повидливи во четириесеттите години од животот, посочува тој.

Кај едно од девојчињата кои ги проучува, Вокер открил оштетување на еден ген кој предизвикува развојна инерција. Тој смета дека тоа е од клучно значење и смета дека се рабори за мутација на регулаторните гени на вториот женски Х хромозом.

-Кога би успеале да го идентификуваме тој ген, би можеле да ја запреме развојната инерција кај младите. Со откривањето на прекинувачот за успорување на стареењето практично би биле бесмртни, истакнува Вокер.

Тој укажува дека тоа не значи дека луѓето нема да умираат. Болести и несреќи и натаму ќе го прекинуваат човечкиот живот, додава Вокер.

OhridNews