При извршената акциска контрола во угостителски објект затекнати биле пет девојки од Србија кои работеле како танчерки и келнерки, а во друг угостителски објект пронајдена е една девојка исто така од Србија кај која се пронајдени и одземени 90.400 денари, 150 швајцарски франци и 80 евра.
При извршените претреси, пронајдени се и одземени и кутии за пари-бакшиш со испишани имиња на девојките во кои имало околу 20.000 денари, потврди за трансфери на пари, пари, како и еден пиштол марка “Црвена Застава – екол туна“ 8 мм со 3 куршуми кој се чувал без дозвола.
Од извршените проверки утврдено е дека странските државјанки кои биле затекнати во угостителските објекти оствариле легален влез во РМ, а против истите согласно Законот ќе им биде изречена мерка забрана за влез во РМ.
МВР продолжува да работи на целосно расветлување на случајот за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.