Во саботата кај поранешниот полигон за мали спортови беше спроведена акција за одлагање електронски отпад. Граѓаните имаа можност на специјално отворениот пункт да се ослободат од нефункционалните електрични парати и слична опрема од домаќинствата, но изгледа нив им е полесно тоа да го направат до блискиот контејнер, иако законот не дозволува одлагање на ваков вид отпад заедно со комуналниот. Оваа фотографија е направена синоќа на булеварот „Туристичка“, непосредно до кружниот тек.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека и покрај тоа што редовно се организираат акции за собирање на кабаст отпад, како и повремени акции за собирање електронски отпад, и понатаму голем е бројот на граѓани кои не го почитуваат комуналниот ред и одлагаат зелен, кабаст или електрoнски отпад во или покрај контејнерите за комунален отпад. Таквото однесување подлежи на санкции, што е во надлежност на комуналната инспекција, велат од „Комуналец“. Дали и колку казни се изречени за непочитување на комуналниот ред од јавното комунално претпријатие за информации не упатија до надлежниот инспекторат.

Согласно измените во законот за отпад, од 1.1.2015 година, повеќе нема да се организираат собирни акции за електронски отпад. Третирањето на овој вид отпад од следната година ќе биде обврска на компаниите кои се занимаваат со дистрибуција и продажба на електронска опрема, а исто така ќе биде отворен собирен пункт за електронски отпад во рамки на ЈП „Охридски Комуналец“.

OhridNews