Од утринава на вратата на кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија веќе го нема името на поранешниот спикер Трајко Вељаноски. Во претседателскиот кабинет Талат Џафери денеска го прими амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
Влегувањето на Џафери во претседателскиот кабинет веќе се толкува како повлекување на ВМРО-ДПМНЕ од досегашните позиции. Џафери веќе ги има и печатите на Собранието на Република Македонија.
Трајко Вељаноски уште вчера го испразнил кабинетот и денеска се очекува одлуката за прогласување претседател на Собранието да се објави во Службен весник.
Исто така, се очекува веднаш по објавувањето, Џафери да го информира претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за новото собраниско мнозинство и за мандатарот на новата влада Зоран Заев.
OhridNews
извор Макфакс