Откако се поизвесен е трансферот на Сеск Фабрегас од Арсенал во Барселона, менаџерот на „тобџиите“, Арсен Венгер е во потрага по фудбалер кој ќе го замени Шпанецот.
Замена за Фабрегас, чии трансфер во Барселона треба да изнесува 34 милиони фунти, треба да биде младиот фудбалер на ЦСКА Москва и репрезентацијата на Русија, Алан Џагоев. Претставник на Арсенал го следеше минатонеделниот дуел ЦСКА-Зенит, како и вчерашниот пријателски меч Русија-Србија, за на дело да ги види квалитетите на Џагоев. Доколку дојде до трансферот се проценува дека Арсенал за Џагоев ќе плати 12 милиони фунти.
Проблематичниот Адријан Муту поради пијанство доживотно е исфрлен од репрезентацијата на Романија.
Муту заедно се соиграчот Габриел Тамаш биле под дејство на алкохол пред пријателскиот натпревар со Сан Марино. Селекторот на Романија Виктор Питурка рече дека Муту и Тамаш биле познати како љубители на алкохолот, но во понеделникот тие ги прекршиле правилата кои важат во репрезентацијата.
Адријан Муту во 2004 година беше суспендиран поради користење на кокаин, а во јануари минатата година беше позитивен на допинг тестот. Муту, кога неодамна направи трансфер во Чезена вети дека ќе го подобри
своето однесување и дека ќе се обиде да му помогне на клубот уште повеќе
да напредува во Серија А
“извор Макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com