Еуфорија владее во рускиот состав по убедливиот триумф над Чешка со 4-1. Двојниот стрелец Александар Џагоев беше најоптимистички расположен, најавувајќи го походот кон големото финале.
– Важно беше да одиграме добро во првиот меч. Ова е само еден од шесте чекор кон финалето. На резултат 2-1 почна да станува тешко за нас, но играта на Роман Пављученко, доста ни помогна за да ја завршиме работата – рече Џагоев.
Тренерот на чешката репрезентација Билек, напомена дека доста тешко се носеле со рускиот состав. – Гледавме толку многу мечеви. Имаат одлична техника и покажаа дека се навистина добар тим. Не можевме да им ја одземеме топката, а тие имаа доста добри прилки.
Рускиот селектор, Дик Адвокат беше задоволен од прикажаното, но погледите ги врти кон вториот меч во групата против Полска.- Ќе биде тоа сосема друг меч, на уште еден прекрасен стадион во Полска. Не го гледав мечот против Грција, но до вторник има време – потенцираше Адвокат.
Во втората рунда Русија игра против Полска, додека Чешка нема право на кикс на мечот со Грција.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com