Jaпонската агенција за меѓународна соработка ЏАЈКА ќе помогне во ревитализацијатаи доизградбата на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, јави националниот сервис.
„Добивме уверување дека ќе не поддржат во еден од најзначајните проекти, а тоа е доизградба на колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро. Обезбедивме поддршка за финансирање на физибилити студијата, а потоа ќе следи главниот проект и изградба на колекторскиот систем“, изјави за МТВ Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Експертите од ЏАЈКА предлагаат итно подобрување на системот, поправка и рехабилитација на оштетените цевки, надградба на инфраструктурата, воведување нови технологии, изготвување на база на податоци…
„Охридското езеро привлекува многу туристи, но на колекторскиот систем е потребно итно да му посветиме внимание. Се работи за област каде можеме и сакаме да соработуваме, а на средбата со вашиот премиер и министри разгледувавме и други можности за соработка, во делот на стипендиите и дипломатијата“, рече Хидеаки Домичи, потпретседател на ЏАЈКА.
OhridNews
извор:МТВ