Девет од можни дванаесет бода имаат на своето конто охридските рибари по одиграните четири рунди од новиот шампионат. Од прикажаната игра и од постигнатите резултати презадоволен е шефот на белите, Зоран Ѓорески – Џајо.
– Она што го планиравме во голем дел го остваривме, стигнавме до 9 бода, додека несререќно ни избега победата против Локомотива. каде имавме предност по првиот дел. Во целост сум задоволен од играчкиот кадар како и од Управата која во целост не прати и ги исполнува сите наши барања. Обврските према фудбалерите се исполнуваат редовно и атмосферата во тимот е одлична – рече Ѓорески.
Охриѓани во текот на паузата се заслија со двајца повратници во тимот, во наредниот период очекуваат да направат вистинска трансфер бомба во своите редови.
– Се засиливме со Џалески и Ѓорески, додека се уште сме во преговори со поранешниот репрезентативец Гоце Толески. Тој е во потрага на ангажман надвор од Македонија, и рече доколку не успеа да најде ангажман во странство ќе ни се стави на располагање и ќе се приклучи кон остварување на целта, влез во првата лига – цели популараниот Џајо.
Рибарите во наредното коло во Кавадрадци, ги очекува дерби пресметката со второпласираниот Тиквеш. – Имаме доволно информации за нашиот противник и знаеме со каков тим ќе им се спротиставиме.Ние на секој натпревар одиме на победа, без разлика дали се работи за домашен или гостински терен. Очекувам во фер игра и поштено судење да победи фудбалот. Долку спортски сме поразени ќе подадеме рака и нема да кукаме, а доколу Охрид се врати непоразен од гостувањето патот кон есенската титула ќе му биде отворен – смета стратегот на “рибарите“ Зоран Ѓорески – Џајо.
Ракометарите на Охрид во рамки на 18-то коло од Супер лигата во четврток гостуваат во Радовиш Иако Радовиш е екипа без победа до сега, ние влегуваме максимално во натпреварот и се надеваме дека со ...
ГРК Охрид му оддржа ракометна лекција на актуелниот првак Е Пелистер во салата “Билјанини извори” Домаќинот славеше 29:25 во меч во кој Охрид беше подобар во сите 60 минути Битолчани т...
Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17 коло од Супер лигата Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете еки...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.