Законот за легализација на дивоградбите не ги опфаќа верските објекти, дециден е министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, спорд кого проблемот со новоизградената џамија во струшкото село Горна Белица, ќе треба да го реши Општината согласно другите закони.

-Овој закон нема да го третира тој објект, а останатите постапки ќе си продолжат согласно другите закони- рече Јанакиески, објаснувајќи дека предмет на Законот за легализација на дивоградбите се само индивидуалните куќи, индустриските објекти и објектите кои се од јавен интерес како патишта, болници, училишта и слично.

Јанакиески посочи дека надлежност на општината е да ги урне дивоизградените објекти кои се наоѓаат на нејзина територија, а кои нема да може да се легализираат.

OhridNews