Црномурестото момче, поентерот на АМАК СП и лидерот на екипата потекнува од кошаркарска фамилија. Почетоците ги направил додека бил многу млад, на околу седумгодишна возраст.

Довербата која му ја дава тимот е доволна за да биде самоуверен во себе. Таа своја самодоверба често ја користи да одлучи натпревар и тоа во последните минути.
– Често во одлучувачките моменти топката е во моите раце,а моите соиграчи веруваат дека јас ќе го направам вистинскиот потег. Имам одлична соработка, бидејки знам дека и јас можам да се потпрам на нив. Тренрот ми ја даваа таа слобода и има верба во мене што само ја зголемува самодовербата кај мене, вели Фрај кој за своите соиграчи едноставно вели дека се супер. Нивната подршка е „е виновна“ што тој лессо се прилагодил на животот во Охрид. Вели:„Нивната подршка ми беше потребна на стартот кога бев единствениот американец пред доаѓањето на Вил а потоа на Бо. Сите тие зборуваат англиски и затоа ми е многу полесно“.

– Пораснав во Њу Јорк каде се живее 200 на сат, илузорно е да направиме споредба меѓу брзиот живот таму и мирниот живот овде.Тоа се две дијаметрално спортивни работи. Луѓето не се толку пријателски расположени како овде , каде ми изгледа дека сите во градот се познаваат. И покрај тоа што ми недостига брзиот живот , не ми беше тешко да се навикнам тука зошто Охрид навистина е прекрасен.
Професионалноста која му ја нуди Клубот е една од најдобрите работи кои му се случиле тука. Задоволен е и од условите, сместувањето, салата, теретаната. Храната и зимата се единствените нешта на кои тешко се навикнал. „Имав доста потешкотии додека се навикнав на храната овде. Еднаш пробав „Бурек“ и имав доста тегоби, но тука сум девет месеци и еве ме преживеав ! ! Исто така нешто што не ми се допадна беше зимата. Тогаш беше премногу ладно и моравме да тренираме “со јакни“ нешто на што не сум навикнат, и тое е единстевното нешто што ми пречеше.“

БО Тејлор за Фрај: „Џарид е најдобриот играч со кој сум играл, не сум го видел да одигра лош меч откатко јас сум тука а сигурен сум дека и претходно играл одлично. Немаат некој посебен ритуал пред мечот, едноставно се опуштаат со модерен рап. Она што не му се допаѓа е храната, бидјки не сме навикнати на ваков начин на исхрана. Ни се допаѓа македонската кујна но не јадеме се бидејќи не знаема на каков вкус ќе налетаме.“
Бо Тејлор во Охрид е од Јануари. Вели дека ова е ново искуство за него.„Јас сум “пргав“ играч па мора да играм помирно со оглед на начинот на кој овде се санкционират прекршоците.“
– Имав проблем и со адпатацијата на играта посебно со “чекорите“ но како и што кажа Џарид “кошарката“ е кошарка каде и да ја играш. Прва сезона ми е надвор. Сите во тимот се спремни за она што ги чека и моето доаѓање само треба да биде дополнување на ростерот .Уште едно искуство за мене и јас навистина уживам во тоа, вели Тејлор.











