Контроверзниот Велибор Џаровски за босанскиот портал „сцспорт.ба
ги прокоментира последните обложувачки скандали, кои го тресат
европскиот и светскиот фудбал, а се осврна и на недоамнешниот натпревар
во Лигата на шампиони помеѓу Динамо Загреб и Лион, која заврши со
резултат 1:7.


„Динамо, Лион, Марсеј и Дортмунд треба
да бидат исфрлени од Европа во следните пет години, поради местење
натпревари во последното коло во Лигата на шампиони“, вели Џаровски.

Во регуларноста на натпреварот помеѓу
Динамо и Лион први се посомневаа холандските и шпанските медиуми,
посочувајќи го однесувањето на фудбалерите на Динамо, додека Џаровски,
дава нова димензија со својата изјава во која го обвинува првиот човек
на Динамо, Здравко Мамиќ.

„Во животот сум наместил стотици
натпревари. Ви велам дека тие натпревари беа наместени и стојам зад тоа
што го зборувам. Лион постигна шест гола во второто полувреме, а во
Дортмунд два гола паднаа за две минути, со цел понатаму да оди Марсеј, а
не Олимпијакос. Играчите на Дортмунд бега од топката кога Французите ги
постигнуваа головите, за мечот во Загреб не вреди да се зборува. Оној
Вида му намигнува на противничкиот играч и го подигнува палецот кога
противничките играчи ќе постигнат гол“, вели Џаро и нуди своја верзија
зошто Динамо го продал натпреварот: „Поради пари. Кој уште прашува за
честа и срамот?Земи пари и молчи. Знаев уште пред натпреварот дека во
„Максимир“ ќе има повеќе од пет погодоци. Здравко Мамиќ го намести
натпреварот. Неговиот ХДЗ ги загуби изборите затоа што му требаат пари,
од државата повеќе нема да ги добива“.

Џаровски не е сигурен дека и другите
средби во ЛШ не биле наместени, единствено го изненадила победата на
Реал во Амстердам против Ајакс.

На прашањето зошто УЕФА не реагира,
тој одговара: Мишел Платини е претседател на УЕФА и не е нормално две
француски екипи да минат понатаму на ваков начин. Се сеќаватате како
Франција замина на Светското првенство во Јужна Африка, и како Босна и
Херцеговина е елиминирана од Еуро 2012“, вели Џаровски во интервјуто за „сцспорт.ба

Ohridnews