Членот на “Фер Плеј“, Сабри покана за учество на тренинг кампот доби од академијата на Арсенал која има свои скаути низ балканот. Во Солун покрај преставници од Арсенал ќе има холандски скаути, кои ќе ги скенираат квалитетите на дечињата.
– Многу ние мило за Сабри дека ќе биде дел од најдобрата школа за млади фудбалери. Ние веруваме во неговите квалитети, а неговиот повик за учество на тренинг кампот ни е сатисфкација за целата екипа и макотрпната работа изминатите години со фудбалската школа- истакнаа од “Фер Плеј“.
12-годишниот Сабри со својата игра има освојувано многу индивидуални награди и е незаменлива алка во генарацијата 2001 година.