Џејмс Гандолфини, крупниот актер најпознат по улогата во телевизиската серија „Семејството Сопрано, почина за време на одморот во италијанската престолнина Рим, соопшти компанијата HBO којашто е продуцент на гледаната и наградувана серија.

Џејмс Гандолфини, 51-годишниот американски актер, кариерата ја започна во њујоршкитe театри. Се претпоставува дека починал од срцев удар, изјави за Reuters портпаролката на HBO, Мара Микиалјан.

Според извор близок на семејството Гандолфини добил масивен срцев удар бил во прошетка друштво на својот 13-годишен син Мајкл. „Гандолфини и неговото семејство минаа надвор убав ден заедно“, рекол помошникот на актерот, Том Ричардсон.

Здружението коешто ги обединува сценаристите за филм, телевизија, кабелските канали новите медиуми, на почетокот од јуни ја објави листата од 101 најдобри телевизиски сценарија врз основа на анкетата спроведена меѓу своите членови, меѓу првите десет подеднакво се застапени и комедиите и драмските серии. Според неа „Сопранови“ е прогласена  за најдобро напишана тв-серија во САД.

Откако во 2007 година престана снимањето на серијата „Семејството Сопрано“ во која го толкуваше ликот на главата на семејството и мафијашкиот кум Тони Сопрано, Гандолфини се појави во многу играни филмови, меѓу кои и во „Zero Dark Thirty“ од 2012 година и најновиот од 2103 година „The Incredible Burt Wonderstone“, а пред смртта работеше на нова телевизиска серија.

OhridNews
извор:„Макфакс“