Напаѓачот на Волфсбург и фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко кариерата ќе ја продолжи во екипата на Манчестер Сити.


Џеко договорот треба да го потпише во четврток, откако Манчестер Сити ќе го одработи дерби натпреварот со Арсенал. Како обештетување Волфсбург ќе добие сума од 32 милиони евра, додека Џеко ќе потпише петтгодишен договор за неделна плата од 117.000 евра.

Трансферот на Џеко во редовите на „Граѓаните“ го потврди менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина за екипата на Волфсбург одигра 111 натпревари и постигна 66 погодоци. Неговото доаѓање во Манчестер Сити ќе значи заминување за некој од напаѓачите. Манчини заедно со Џеко на списокот ќе има седуммина напаѓачи, покрај Босанецот тука се уште Тевез, Адебајор, Санта Круз, Балотели, Жо и Алекс Нимели.

“Извор Макфакс“
Ohridnews