Инспиративниот капитен на “црвените“ од Ендилд, Стивен Џерард ќе го пропушти крајот на сезоната поради повреда објави менаџерот на тимот Кени Далглиш. – Очекуваме да добиеме прецизен одговор од лекарскиот тим, но Џерард нема да игра до крајот на сезоната, изјави Далглиш.


Последниот натпревар на Џерард за Ливерпул беше на 6 март во победата на Манчестер Јунатер во Премиер лигата. Повредата на капитенот е уште една во низата која му создаваат главоболки на Кинг Кени.  Покрај “осумката“ на листата повредени се Даниел Агер и Глен Џонсон.

Ливерпул во понеделник игра против Манчестер Сити во трката за место во Лигата Европа. “Црвените“ се на шестта позиција со пет бода заостаток зад Тотенхем но имаат и натпревар помалце.

Ohridnews