Чуварот на мрежата и капитенот на Јувентус, Џиџи Буфон го освои престижниот фудбалски оскар во Италија, откако прогласен беше за најдобар играч во Серија А за минатата сезона.

Актуелниот првак во „калчо лигата“ и европскиот вицепрвак Јувентус избран е за најдобар клуб, а наградата за најдобар тренер замина во рацете на Маурицио Сари од тимот на Наполи.

Во најдобрите 11 за минатата сезона доминира Јувентус со вкупно седум фудбалери, додека останатите четири доаѓаат од Наполи и Рома.

Тимот на сезоната: Буфон (Јувентус), Дани Алвес (Јувентус), Бонучи (Јувентус), Кулибали (Наполи), Алекс Сандро (Јувентус), Наинголан (Рома), Пјаниќ (Јувентус), Хамшик (Наполи), Мертенс (Наполи), Игуаин (Јувентус), Дибала (Јувентус).

OhridNews