Фудбалското дерби во Битола меѓу Пелистер – Вардар ќе се одигра в среда, а не в недела со останатите натпревари од Првата македонска фудбалска лига. За тренерот на “црвено црните“, Никола Илиевски “Џиџи“ одложувањето не преставува проблем и нема да ја наруши концепцијата во екипата.

– Врвот на Фудбалската федерација на Македонија одлучи да го одложи мечот, а ние мораме да го прифатиме. Тоа нема да преставува никаков проблем бидејќи за четири денови, неможе и нема да се промени нешто – потенцираше “Џиџи“ на првиот тренинг во Охрид.

Покрај големото дерби Пелистер – Вардар, во првата рунда од пролетниот дел на сезоната в среда ќе се одиграат уште два натпревари Брегалница – Напредок и Шкендија – Ренова.

Мх.П.