Александар Џикиќ е нов селектор на сениорската кошаркарска репрезентација, вака одлучи Стручниот совет во Кошаркарската федерација на Македонија.

Српскиот тренер, од сега селектор на Македонија пред себе ќе има планина за искачување бидејќи ќе треба да ја одведе Македонија на Европското првенство во Украина без помош од Перо Антиќ, Тодор Гечевски и Владо Илиевски.
Мх.П.










