Џиновската јагула уметникот Цингуловски ќе ја подари на градот
13.07.10 15:08
Џиновската, 170 метри долга скулптура на јагула што по повод 50-от јубулеј на фестивалот Охридско лето ја изработи охридскиот уметник Сергеј Цингулоски, ќе му биде подарена на градот. Ова било најавено вчера на свечената промоција на ова несекојдневно уметничко дело, на која присуствуваа градоначалникот Александар Петрески, евро-амбасадорот Ерван Фуере, претставници на Фестивалот, на локалната самоуправа, и љубители на уметноста.
За десеттина дена, скулптурата која е поставена покрај Мостот на желбите ќе биде извадена од водите на езерото кога Цингулоски и официјално ќе и ја подари на градот Охрид. Како можна локација каде таа би можела да биде поставена се споменува потегот кон плажите односно пешачката патека на брегот на Езерото.
Сергеј Цингулоски
Два тони тешката дрвена јагула е изработена од 50 делови што ги симболизираат 50-те години на Фестивалот Охридско лето. Официјално таа е најголемо уметничко дело поставено во вода, што деновиве треба да биде потврдено и од Гинисовата книга на рекорди.
Денес со чувство на одговорност, но и со чувство на гордост го усвоивме најголемиот буџет во историјата на Општина Охрид од 2325182576 денари, кој не е само бројка, туку јасна визија за развој и ст...
Ќе се спроведат сите мерки за откривање и казнување по закон на граѓаните кои одлагаат отпад нелегално, велат од ЈП „Охридски Комуналец“ посочувајќи го притоа случајот со повторно одлагање отпад на...
На 26122025 во 01:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на ул„Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид По преземени мерки, едното л...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.