Натурилизираниот хрват, Самир со два погодоци во победата над Хајдук од 4-1 им одговори на скептиците кои не бираат средства да го критикуваат по повикот во селекцијата на Хрватска.

Штимац заедно со претседателот на Динамо Загреб, Мамиќ поминаа низ “сито и решето“ откако селекторот обелодени дека ќе го повика Самир за престојните дуели со Македонија и Велс.

Фудбалерот на Динамо, Самир го покажа спротивното и беше човек на одлука во “хрватското ел класико“.

Мх.П.