Капитенот на „сините“, Џон Тери ќе се повлече од фудбалот ако клубот од Стемфорд Бриџ не му понуди нов договор.


Поранешниот англиски репрезентативец цела кариера ја мина во дресот на Челси и не планира да настапи за друг клуб.

– Незнам уште колку долго ќе бидам во клубот, но јас се надевам и посакувам уште три години. И ако потпишам на една година, јас ќе продолжам да се борам за моето место во екипата. Се зависи од Челси, а ако ова биде последна сезона за мене, сакам да заминам на вистински начин. Сакам уште да играм, но за мене постои само еден клуб. – рече Тери.

Дефанзивецот потекнува од фудбалска школа на Вест Хем, но младинската категорија ја мина во Челси, а останатото околу кариерата на Тери во синиот дрес е историја.

Мх.П.