Охрид е еден од градовите каде светски познатата компанија „Џонсон контрол“ размислува да гради фабрика за потребите на своето производство. Во игра уште се и Скопје, Куманово, Тетово, Битола и Штип, а одлуката каде ќе инвестира, компанијата ќе ја донесе до крајот на летото.

Бизнисменот Ристо Гуштеров, кој е и кандидат за пратеник од партијата „Достоинство“ на претстојните избори, вчера, допатува во Охрид со бизнис делегација која ги испитува можностите за инвестирање.

Според најавите новата фабрика на „Џонсон контрол“, кој веќе е присутен со производствен капацитет во Македонија, ќе вработува до 1500 луѓе.

OhridNews