Немања Видиќ, кој по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе замине од Манчестер Јунајтед, веќе ги договорил сите детали за трансфер во Интер.

Според пишувањето на Rai Sport, менаџерот на Видиќ, изминатите неколку денови во Милано ги договарал деталите од трансферот.

Според истиот извор, на 32-годишниот српски интернационалец му би понуден двегодишен договор вреден 3,5 милиони евра по сезона, и можност истиот да биде продолжен за уште една година.

Rai sport наведува дека Видиќ, користејќи го легендарното „правило на Босман“ веќе потпишал преддоговор со Интер. Покрај Интер, заинтересирани за капитенот на Манчестер Јунајтед биле уште Јувентус и Наполи.

„Макфакс“