Фудбалерот на Пари Сент Жермен Анхел ди Марија откри необична случка од Светското првенство во Бразил  2014 година поврзана со Реал Мадрид, каде тогаш настапуваше. „Кралевите“, доставиле официјално писмо до аргентинската фудбалска репрезентација со барање Ди Марија да не игра во полуфиналето, подоцна и финалето од Мундијалот поради повреда. Ди Марија се повредил во 1/4 финалниот натпревар со Белгија кој „гаучосите“ го добија со 1-0.

Само тројца луѓе ја знаат вистината – јас, докторот Даниел Мартинез и тренерот Алехандро Сабелја. Имав скинат мускул во мечот со Белгија и не бев 100% подговен за следните предизвици. Ногата не беше совршена, но сакав да играм и не ми беше грижа ако никогаш повеќе не заиграм фудбал. Тоа требаше да биде мое финале. Знаев дека Реал Мадрид сакаа да ме продадат и пристигна нивното писмо. Не сакав ниту да го видам и го искинав. Отидов на Алехандро и му кажав дека не сум 100 отсто подготвен. Требаше да добијам ињекциа и сакав да се обидам. Но, по состанокот решија да не играм јас и клубот победи во битката. – изјави Ди Марија.

Аргентина не успеа да се искачи на тронот на Мундијалот во Бразил, откако изгуби со 1-0 од германската селекција. Недоразбирањето помеѓу клубот и Ди Марија резултираше со трансфер на Аргентинецот во Манчестер Јунајтед. Офанзивниот фудбалер на Олд Трафорд се задржа само една сезона.

OhridNews