Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и ќе се пресели во Монако.
Оштетата која ќе ја платат „кнезовите“ за услугите на Ди Марија изнесува 35 милиони евра. Со ангажманот на Аргентинецот екипата на Монако сериозно ќе му парира на ПСЖ, кој доминира на трансферот пазарот во Франција.
Ди Марија на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Бенфика во 2010 година и со одличните игри веднаш стана омилен меѓу навивачите на кралскиот клуб.
Мх.П.