Италијанскиот стратег Роберто Ди Матео со победа го започна својот престој на клупата на Челси. “Сините“ во “риплеј“ мечот од ФА купот славеа како гости над Бирминген со 2-0. Мата и Маиерлеш беа стрелци на головите во вториот дел.