“Сините“ спас на слабата сезона, гледаат со пласман во финалето од Лигата на Шампиони. Во реванш дуелот со Барселона, Челси патува со минимална предност од 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Дидиер Дрогба, кој е неизвесен за денешниот дуел на Ноу Камп.

Нема да одиме да играме на реми без голови, напротив ќе одиме да постигнеме погодок кој ќе ни ги зголеми шансите за пласман во финалето. Но да бидеме реалани…..Барселона на домашен терен царува со играта, ќе створат многу шанси за голови, а наша работа ќе биде да ги намалиме приликите за погодок на Барселона. Секогаш сум го потенцирал истото дека во вакви натпревари одбраната е пресудна – истакна менаџерот на “сините“, италијанецот Роберто Ди Матео.

Ако “сините“ го издржат пеколот на Ноу Камп, за нив ќе биде второ финале. Првото го одиграа во Москва, со Манчестер Јунајтед. “Црвените ѓаволи“ се радуваа на трофејот по изведувањето на пеналите.

Мх.П.