Привремениот менаџер на Челзи, Роберто ди Матео, по серијата на добри резултати со лондонскиот тим, би можел да добие траен договор. Ди Матео, ги презеде „сините“ по отказот кој му беше врачен на Андре Вилас-Боаш и на седум натпревари има пет победи и само еден пораз (од Манчестер Сити во Премиер лигата).

Роман Абрамович е задоволен од работата на легендата на Челзи, а за најголем плус го смета пласманот во четвртфиналето во ЛШ, односно елиминацијата на Наполи, кога Челзи на домашен терен го избриша минусот на Вилас-Боаш.

Челзи, во Премиер лигата се наоѓа на петтото место, со пет бода негатива во однос на Тотенхем, која ја држи позицијата која води во ЛШ.

„Сините“ во Лигата на шампиони се наоѓаат на чекор од полуфиналето, откако на гостински терен ја совладаа Бенфика со 1:0.

Следниот натпревар Челзи ќе го одигра, во сабота, во Премиер лигата против Астон Вила.

Ohridnews