– Кога ќе дадате гол, и на крај ќе победите, сте ја заслужиле победата. Барселона доминираше во текот на целиот натпревар, но ние ја искористивме приликата и триуфмиравме. Против Барселона мораш да си убојит во нападот, а во одбраната да се браниш компактно – истакна менаџерот на Челси, Роберто Ди Матео.
Барселона иако загуби на првиот меч, не разочара, за “блауграната“ ова е прв пораз во Лигата на Шампиони сезонава. “Каталонците“ создаваа прилики, но Санчез биеше во пречката, а Педро длабоко во судиското продолжение ја погоди стативата.
– Не дадовме гол, и тука ќе ја бараме вината во поразот. Не очекував дека ќе створиме толку многу шанси за погодок. Нам ни преостанува да одиграме исто како во Лондон, да создаваме прилики за гол. Ќе биде тешко но мора да се обидеме – потенцираше Гвардиола, тренерот на Барселона.
Барселона во ланскиот циклус од Лигата на Шампиони, претрпе еден пораз исто така во Лондон, но oд Арсенал.