Со расположениот Тимур Дибиров во нападот Вардар пред своите гледачи го совлада Пик Сегед (34-30) и се зацврсти на првата позиција на табелата во една од двете групи во Лигата на Шампиони.

Рускиот репрезентативец имаше 11 погодоци од 12 обиди и сосема заслужено ја понесе наградата од ЕХФ за најдобро лево крило во 12.та рунда.

Дибиров се најде помеѓу најдобрите седум ракометари, а видео прилогот за летечкиот Русин и останатите ракометари можете да го погледнете тука.

Второто место во најубавите пет погодоци од 12-та рунда му припадна на Мијајло Марсениќ, додека Вардар овој пат немаше свој преставник во петте најдобри одбрани.

Идеалниот тим:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Раул Ентрериос (Барселона)

Десен бек: Албин Лагерген (Кристијанштад)

Десно крило: Никлас Екберг (Кил)

Пикер: Игор Аниќ (Целје)

Голман: Родриго Кораљес (ПСЖ)

OhridNews