Крилото на Вардар, Тимур Дибиров и македонскиот чувар на мрежата во Барселона, Борко Ристовски се најдоа во изборот на најдобрите голови, одбрани и играчи во првото коло од Лигата на Шампиони.

Русинот го зазеде второто место во петте најдобри голови. Тој во вториот дел кога се кршеше резултат постигна погодок „од зглоб“ препознатлив само за него.

Ристовски со одбраната со глава ги најави петте најдобри одбрани во колото. Тој се најде на петтата позиција и беше најзаслужен што каталонците си заминаа со бод од гостувањето кај Рејн Некар.

Во најдобрите седум играчи за првата рунда нема преставник од Вардар и Металург, како и никој од останатите македонци кои играат во другите клубови.

Најдобри седум:

Лево крило: Доминик Клајн (Нант)

Лев бек: Стипе Мандалиниќ (Загреб)

Среден бек: Мате Лекај (Веспрем)

Десен бек: Холгер Гландоф (Флензбург)

Десно крило: Кевин Гуликсен (Елверум)

Пикер: Хендрик Пекелер (Рајн Некар)

Голман: Сирил Думулин (Нант)

OhridNews