Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, во јуни ќе се пресели во Челзи за сума од 32 милиони фунти, ексклузивно пренесува Sky Sports.

Според ESPN, Коста на соиграчите веќе им соопштил дека во јуни ќе си замине од „Винсенте Калдерон“.
Напаѓачот на Атлетико оваа сезона има постигнато 35 голови на 47 одиграни натпревари и е еден од најзаслужните за одличните резултати на клубот.
Од друга страна, најголемиот проблем на Челзи во сезоната беше реализацијата, бидејќи Фернандо Торес, Демба Ба и Самјуел Ето заедно постигнаа само 19 голови.
„Макфакс“











