Втор пат за три години Атлетико Мадрид ќе биде дел од големото финале во Лигата на Шампиони. Во полуфиналниот двомеч „јорганџиите“ го елиминираа германскиот првак Баерн Минхен благодарание на правилото „гол во гости“.


– Ова беше трилер филм во кој не глумевме туку вистинските живеевме. Овие моменти нема никогаш да ги заборавам и ќе ги паметам цел живот. – рече тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Аргентинскиот стручњак на клупата од Атлетико Мадрид својата радост по завршување на мечот на Алијанц Арената ја сподели со својот син.


Играчите на Атлетико Мадрид свесни се дека не одиграа квалитетен меч со Баерн Минхен, но не секогаш оди подобрата екипа понатаму.

– Беа подобри, но ние постигнавме гол во гости. Воодушевени сме, беше ова исклучително тежок натпревар. Пред нас стоеше извонреден противник, но ние успеавме да ја оствариме целта. – додаде Ентони Гризман.

Во сезоната 2013/14, Атлетико Мадрид во финалето од Лигата на Шампиони претрпе пораз од Реал Мадрид (4-1) после дополнителните 30 минути откако мечот заврши без победник 1-1.

ЛШ: Атлетико со „гол во гости“ го чекираше финалниот билет (видео)

OhridNews