„Се гордеам со своите играчи, но не само поради пласманот во полуфиналето“, рекол по елиминирањето на Барселона во четвртфиналето во Лигата нашампионите, тренерот на Атлетико Диего Симеоне.
„Постои доблест во овој тим, нешто што го направивме за четири и пол години работа. Среќен сум поради овие играчи, кога ова го велам не мислам само на овој пласман во полуфиналето. Се помалку вистински вредности има во општеството, а ние сме група на чесни работници, кои можат да победат или да загубат“, рекол Симеоне.
Атлетико во реваншот на домашен терен славеше над Барселона 2:0 и со вкупен резултат 3:2 мина во полуфиналето.
„Победивме во ѓаволски тежок натпревар. Воопшто не престанавме да веруваме, едноставно знаевме што треба да направиме. Првото полувреме го игравме онака како што ние сакавме, второто се играше по нивни услови. Барселона има поединци кои можат да решат меч со еден потег, но ние останавме силни и фокусирани“, рекол Аргентинецот и дополнил: „Постојат моменти кои никогаш нема да се вратата. Тие се единствени во фудбалот. Видивме многу деца на патот кон стадионот, тие веруваа во нас. Ова беше посебен ден“.
ЛШ: Европскиот шампион падна во Мадрид ! (видео)
„Макфакс“
OhridNews