Клиниката за дигестивна хирургија од понеделник продолжува со работа, информираат од јавната здравствена установа.

Докторите и медицинскиот персонал последните денови штрајкуваа, откако пациент со пиштол нападна и рани хирург. Тие оперираа само итни случаи.

Додека пациентите со часови чекаа за претходно закажан преглед, докторите тврдеа дека  во инцидентот, освен кон колегата,  било пукано во нивната професија, во белиот мантил и во нивното достоинство, и дека не се чувствуваат безбедни на своите работни места.

Лекарите бараат нови законски измени кои ќе им гарантираат подобри услови за работа и повисоко ниво на безбедност.

OhridNews

Извор:„Макфакс“