Политичкиот дијалог меѓу парламентарните партии „Жан Моне“ наместо во Париз, ќе се одржи во Охрид во средината на месец март.

На средбата ќе се разговара за прашања кои ја дефинираат работата на Собранието, а се дел од европската агенда на земјата. Според најавите парламентарните партии ќе разговараат за измените во Собранискиот деловник, изработката на Етички законик, а пратениците побарале во преговорите да се вклучи и изготвувањето стратегија за фискална транспарентност на Собранието, како и буџетска независност на законодавниот дом. 

OhridNews