Вестите за назначувањето на Талат Џафери како нов Министер за одбрана беа примени со големо разочарување ширум македонските заедници во светот“ –  велат од Обединетата Македонска дијаспора, пренесува „Макфакс“.

Организацијата ја изрази својата најдлабока загриженост за назначувањето на таканаречениот „командант Форина” за нов Министер за одбрана.

АРМ е институција посветена на заштитата на територијалниот интегритет на државата и на граѓаните на Република Македонија. Назначувањето на поранешен командант на УЧК како Министер за одбрана е неразбирливо за македонската дијаспора и преставува голема навреда за сите македонски граѓани без оглед на нивната етничка припадност.“- изјави претседавачот на управниот одбор на ОМД, Стојан Николов.

Како што коментираат од ОМД, по конфликтот делата на Џафери се амнестирани со Законот за амнестија.

Тогаш тој стана пратеник од владејачкиот коалиционен партнер ДУИ, на чие чело е поранешниот лидер на терористичката ОНА-Али Ахмети. Во својата пост-терористичка кариера Џафери се покажал како ултра-националистички политичар, и е озлогласен за барање на збор во Собранието, а потоа користејќи ги парламентарните правила кои овозможуваат неограничено време за говори, не зборувал ништо. Џафери ја користел оваа техника на опструкции за да го попречи предлог законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ за финансиска помош на ветераните на АРМ од конфликтот во 2001 година, која исто беше поддржана од најголемата опозициска партија СДСМ.“ – истакнуваат  од ОМД.

Инаку, Талат Џафери е роден во областа на Гостивар во 1962 година. Школуван е во Белград, каде се приклучил на Југословенската народна армија, а по прогласувањето на независност на Македонија во 1991 година, станал висок офицер на АРМ во касарната во Тетово. Кога конфликтот започна во 2001 година, Џафери ја напуштил АРМ и се приклучил на ОНА во таканаречената 116 бригада во планинскиот дел на Гостивар.

OhridNews

извор: „Макфакс“