ДИК треба да ги соопшти резултатите од теренската проверка во текот на денешната отворена седница за јавност. Предмет на административна проверка беа 72.000 лица кои ги има само во базата на податоци на МВР, а ги нема во другите бази на податоци.

При тоа откриени се 1.184 лица со статус непозната што значи дека за нив не е отворен единствен матичен број, а се наоѓаат во Изборачкиот список. Во евиденцијата на Управата за матична евиденција откриени се 67 лица кои не поседуваат ниту патна исправа ниту лична карта. Од ДИК добиле соопштение од МВР дека успеале да проверат само 41% од барањата кои се однесуваат на личните карти и само 12,4% од барањата кои се однесуваат на патните испарави.

Инаку МВР требаше да ги заврши овие административни проверки до 31-ви март, па очигледно ќе биде потребно дополнително време.

OhridNews
извор Телма