Државната изборна комисија без коментар околу тоа што ќе се случува доколку СДСМ ги врати 34-те мандати кои ги освои на предвремените парламентарни избори, јавува „Телма“.

„Ние како комисија не сакаме да навлегуваме во политички анализи, но каков и да биде епилогот ќе постапиме во согласност со законите.“ –  рече претседателот на ДИК, Никола Рилковски.

Како што пишува медиумот, една од можните варијанти е да има прегласување само за мандатите кои ќе ги врати опозицската партија.

Доколку проблемот не се реши на маса со политички договор, законот предвидува во секоја од изборните единици да се прегласува само за бројот на мандати кои ги освои СДСМ.

Од ДИК засега не сакаат да дадат ниту оценка за тоа како поминал изборниот ден. Велат, сеж зависи од приговорите кои ќе ги поднесат политичките партии.

„Телма“