Државната изборна комисија (ДИК) денес соопшти дека во тек е пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и истото ќе трае до 11-ти ноември.
Заклучно со 24-ти октомври, до 14 часот, можноста за пријавување преку електронската апликација ставена во веб страната на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 540 граѓани на Република Македонија, од кои 217 пријави се прифатени, 19 пријави се одбиени, додека 304 пријависе во фаза на обработка, соопштуваат од ДИК.
Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk
OhridNews