
Претставникот на ПЕИ на седницата на ДИК изнесе сериозни обвинувања за нарушувања на изборниот процес во Струга, но не беше прифатен предлогот да се изврши увид во гласачаките кутии за да се утврди дали имало одредени прекршувања на изборната процесура. Незадоволство од работата на ДИК вечерва изрази лидерот на ПЕИ и кандидат за градоначалник, Фијат Цаноски, кој смета дека со своите одлуки комисијата го верифицирала изборниот грабеж, што според него се случил во Струга.
ДИК синоќа ги одби сите приговори на ВМРО ДПМНЕ за изборите во Охрид.












