Државната изборна комисија (ДИК) ги констатираше дванаесетте кандидатски листи на партии и коалиции, освен кандидатурите на Бранко Јаневски и Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) во изборните единици еден и три, јавува „Макфакс“.

Така, Стево Продановски нема да му биде противкандидат на Стево Пендаровскио „единициата“, а ниту Љупчо Николовски од СДПМ на Љупчо Николовски од СДСМ. Овие две листи предизвикаа намногу дискусија и сомневања во ДИК дека станува збор за обид да се измамат гласачите поради сличноста во имињата и презимињата на кандидатите, за што партиајта беше сомничена и на поранешни избори.

Лидерот Бранко Јаневски има право на жалба до Управен суд за листите. Во другите изборни единици листите на СДПМ беа прифатени, така што на потпретседателската на СДСМ, Радмила Шекеринскаво петтата изборна единица противкандидатка ќе ѝ биде Радмила Шукуровска од СДПМ, за што исто така имаше реакции.

Другите проблематични листи минаа без дискусија на седницата на ДИК во неделата вечерта.

OhridNews
извор: „Макфакс“