Државната изборна комисија ги објави официјалните кандидатски листи за претстојните локални избори. Градоначалничката трка во Охрид Официјално ќе ја трчаат Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“  и Гоце Цветкоски од Трајно Македонско Радикално Обединување – ТМРО.

Поднесени се 11 кандидатски листи за советници и тоа од ВМРО-ДПМНЕ  предводена од  Сашо Донев, носител на кандидатска лиска  од  СДСМ е Науме Јованоски, од  Левица Виолета Аврамоска, од ДУИ кандидатската листа за членови на совет ја предводи Нефи Усеини, своја листа има поднесено и  коалицијата „Движење одлучно за промени“ со носител  Александар Станкоски, кандидатската листа на  партијата Единствена Македонија е на чело со Владимир Суклоски, носител на листа од ТМРО е Магдалена Наумоска, а од движењето Беса  Џемал Мена.

Поднесени се три независни кандидатски листи предводени од носителите Антонио Наумоски, Димитар Велјаноски и  Стефче Стевоски.

И во Дебрца тројца кандидати за градоначалници. Од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ се кандидира Игор Крцоски, од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ е кандидатот Сашо Силјаноски, а како независен се кандидираше актуелниот градоначалник Зоран Ногачески.

Петмина носители на листи во општина Дебрца.  Листата од СДСМ и коалицијата ја предводи Ромео Печоски, од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Илчо Алексоски, од Единствена Македонија Трене Блажески и поднесени се две независни листи каде носители се Александар Николоски и Димче Андрески.

 

 

K.A.