Државната изборна комисија, денесн ќе го објавен Избирачкиот список и во наредните 15 дена граѓаните ќе можат да ги проверат податоците. Списокот ќе биде распределен и во 34 подрачни единици на ДИК, каде исто така ќе може да се врши увидот.

Процесот на прочистувањето и ажурирањето на податоците од Избирачкиот список треба да заврши на 26 мај. На 14 мај списокот се предава и на политичките партии кои до 19 мај, ако имаат, треба да испратат забелешки. За предвремените парламентарни избори на 5 јуни, избирачкиот список треба да се затвори на 26 мај.

Предвремените парламентарни избори ќе чинат 7,5 милиони евра.

Последните седници на ДИК се одржуваат без двајцата членови на комисијата од СДСМ, партија која најавува дека ќе ги бојкотира изборите.

OhridNews
извор Макфакс