
Двајцата членови од СДСМ не присуствуваа, а претседателот Чичаковски гласаше против. Тој прво изрази сомневање во правната важност на информациите од МВР на кои не е потпишан министерот, што за другите членови не е спорно.
За Чичаковски, остануваат сомнителни гласачите без живеалиште во земјава. Од 139 илјади, 42 илјади се дијаспора, но за другите нема прецизни податоци.
Според Силвана Бонева и Сашко Срцев, расчистени се сите дилеми и Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори.
Бурни реакции предизвика предлогот на претседателот Чичаковски, да се објави на веб страницата список на гласачите со име, презиме, адреса и место на гласање. Мнозинството вели дека тоа е во спротивност со укажувањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Претседателот беше обвинет за опструкции, по што Чичаковски го повлече предлогот. Ќе го поднесе на наредната седница.
OhridNews
Извор: „Телма“











