Граѓаните кои за време на гласањето се идентифиукуваат со биометриска патна исправа издадена од МВР, а во која како место на живеење е наведена Република Албанија, не ќе можат да го остварат своето гласачко право, одлучија од Државната изборна комисија.

Заклучокот доаѓа по барање на Општинската изборна комисија од Ресен, во врска со остварувањето на гласачкото право на граѓаните кои во избирачкиот список се заведени со македонска адреса на живеење, различна од онаа во биометриските исправи.

Инаку, како што денеска соопшти претседателот на ДИК,  Борис Кондарко, ќе се бара разрешување на околу 20-ина избирачки одбори за кои од страна на ДИК делумно се прифатени приговорите и е донесена одлука за дисциплински постапки.

OhridNews