Државната изборна комисија ќе го разгледа поставувањето банери со политичка содржина на интернет медиумите во предизборието, најави претседателот на ДИК, Борис Кондарко, кој не даде конкретен одговор дали појавувањето банери од политички партии во медиумите претставува кршење на законот.

– Во рамките на своите надлежности ДИК ќе ја следи и оваа појава, меѓутоа потенцирам дека додека листите не бидат потврдени и објавени од страна на ДИК, не може да стане збор за утврдување на организатор на изборна кампања кој го прекршува правилото за забрана за предизборно рекламирање.- рече Кондарко на прес-конференција, што вчера се одржа во Скопје.

OhridNews