Кандидатот за претседател Ѓорге Иванов предвреме ја почнал изборната кампања, заклучи ДИК. Давајќи отчет за пет годишниот претседателски мандат во момент кога веќе е утврден како кандидат за нов мандат, тој го прекршил Изборниот законик, јавува „Телма“.
„Иванов има право на отчет пред Собранието и пред граѓаните. Но, тоа треба да го стори пред да биде утврден како кандидат за претседател.“ – рече Бедредин Ибраими.
Ваквото мислење го делат четворица членови на ДИК, додека тројца имаат спротивен став. Велат дека на 14 март, десет дена пред официјалниот старт на кампањата, Иванов не ја претставувал програмата за наредните пет години, туку давал отчет за претходно сработеното.
Првиот човек на ДИК најавува прекршочна пријава и казна од 3 до 5 илјади евра за правното лице што ја поднесува кандидатурата. Иванов има право на тужба пред Управниот суд против решението на ДИК.
OhridNews
извор:„Телма“